Jay Conrad Levinson познат како The father of Guerilla Marketing е несомнено еден од најголемите живи легенди во светот на современото, алтернативно маркетирање и продажба.
Jay C. Levinson, како основоположник на ‘герила пристапот’ е автор на повеќе книги од ‘герила’ серијалот, продадени во над 20 милиони копии, преведени на 54 светски јазици. Неговото напредно размислување денес е прифатено од стотици големи и мали компании, чија цел е да применат иновативен пристап кон пазарот и маркетирањето, да напредуваат брзо и прогресивно, и да остварат максимален профит со минимален буџет. Додека во 80-тите години неговото учење се смета за алтернативно и неформално, денес неговите книги се прифатени како редовна маркетинг литература во MBA програмите ширум светот.
... Затоа што денес чини 6 пати повеќе да продадеш на нов клиент, отколку на стар, компаниите мора да најдат начини да го намалат овој трошок, а да го постигнат саканиот профит. А тоа секако е можно со малку труд и многу герила...
Jay C. LevinsonЗа неговите говори
Веќе трета деценија Jay Levinson е еден од најбараните спикери ширум светот. На неговите говори може да се видат менаџери, извршни директори, сопственици на бизниси и милионери, но и штотуку дипломирани студенти кои сакаат да започнат свој бизнис.
Јay користи многу практични примери од своето искуство во креирање маркетинг кампањи и од искуството на своите видни клиенти, извлекувајќи поука и акционен совет од секој од нив. Филозофијата која им помогнала на милиони, несебично ја пренесува, расчленувајќи ја на практични насоки и тактики – применливи веднаш, и тоа на пазарот на кој слушателите функционираат, прилагодени кон тековните пазарни случувања.
Неговата харизма и типична директност во искажувањето создава една релација со публиката која придонесува кон една пријатна и продуктивна атмосфера.
... Маркетингот е било кој контакт што било кој вработен во компанијата го има со било кој од надворешниот свет.
Jay Conrad LevinsonЗа неговите книги
Кога книгата Guerrila Marketing прв пат се појави во 1983 година предизвика вистинска револуција во светот на маркетингот, со тоа што ги презентираше два своевремено напредни верувања, кои ги раздрмаа бизнис круговите, а гласеа: “маркетингот не мора да биде скап, за да биде успешен” и “продажбата е наједноставната работа на светот (ако точно знаеш што да направиш)”.
Напредните погледи и тактики за маркетингот, кои Jay ги понуди уште во 80-тите години, зазедоа вистински замав изминатите неколку години, кога голем број од светските корпорациски гиганти, водени од тековната ‘џунгла на пазарот’ ги прифатија како редовна пракса и пристап во работењето.
Најновото, четврто издание на книгата, Levinson концизно и практично го претставува ‘арсеналот’ и ‘оружјето’ кои треба да ги користи секој ‘герилец’ кој мора да војува со конкуренцијата и со пазарните (не)прилики со цел да успее експоненцијално да го зголемува својот профит.
Или како што бројни бизнис магазини и литературни критичари се изјаснаа “Ова е книга што секој кој сака да успее во денешниот пазар треба да ја има на своите полици.”
... Продажбата не е настан, туку константен процес. Има почеток, има кулминации, но никогаш нема крај. Може да се подобрува, менува, паузира, но никогаш не може и не смее комплетно да запре.
Jay Conrad Levinson“ADVERTISING works because it shows people that the things they want are ACHIEVABLE”













